СТОЈКОСКИ ГО ПРЕВЕДЕ “ДВОЈНАТА ЛОТА “

Се печати македонската верзија на популарниот роман од германскиот писател Ерих Кестнер, “Двојната Лота”. Книгата ќе има и македонско и германско издание. Професорот по германки јазик од гимназијата “Мирче Ацев” Зоран Стојкоски е преведувачот. Тој со години се залага за популаризација на германскиот јазик. Со германскиот станал и магистер, и судски преведувач. Првите чекори со преводите во литературата се од 2002 година со разговорникот “Германски, книга за секого”. Воодушевен сум од дејствувањето на Сојузот преведувачи од Македонија. Луѓето имаат посебна душа и чуство за убавина на зборот. Сакам да сум член и да го вложам знаењето и искуството во преведите на литературни дела – вели Стојкоски. Староста претставува капитал. Обелената коса значи мудрост, разбирање. Емоционалната и духовна зрелост носи посебни предности и отвора полесен пат. Годините ми се за решавање на најсупешен начин личните, деловните и општествени проблемите. Тогаш кулминира искуството и знаењето – вели Стојкоски.

Loading