ШВЕДСКИ БАСТУНИ ЗА НАШИ СТАРЦИ

Четири пакети со 48 штаки и четири специјални бастуни за ортопедското одделени во болницата се на пат од Шведска за Прилеп. Ги испратил шведскиот прилепчанец – Томе Велјаноски. Вели дека ги набавил од специјална установа за рехабилитација, а биле изработени од посовремен материал. Овде сé е современо. Поминува модата на едно, доаѓа ново. На постарите модели “патерици” се менуваат со модерни. Шведските “демоде и заостанти” модели би им биле добредојдени на луѓето со маки со нозете, со колената – вели Томе, кој имал уште 30 пакети, но каде ќе ги донира не откри. На болницата лани í подарил современа машина за пеглање чаршави и ќебиња.

Loading