ДНЕВНИЦИТЕ ПА, СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ

Со почетокот на учебната година учениците мора да посетат лекар, организирано во Здравствениот дом, каде се прават и лабараториски анализи, а во селата оди екипа од лекар и сестра. По 15 – ти септември почнуваат систематските прегледи. Се објаснува зошто доаѓат, се советуваат ако се открие нешто, се упатуваат кај матичниот лекар. Едноставно им се всадува здравствена култура. Обично кај нив има анемии, деформитети, нормални, а ретко патолошки шумови, проблеми со очите или говорот, со дебелина и сл. Годишно има девет илјади систематски прегледи – објасни Васе Младеноска, началничка на службата за превенција и заштита на децата и младите. Систематски преглед посетуваат деца од прво, трето и седмо одделение од основните, прва и четврта година од средните училишта и прва година на факултет.

Loading