КРЕДИТ ЗА ПАЈАК

Градскиот советот му даде виза на ЈП за просторно и урбанистичко планирање да се задолжи кај банките за набавка на половно пајак возило. Се очекува процедурата да заврши до крајот на годината. Во меѓувреме се најавува експерименатално користење на пајак возило со позајмување на неколку дена од други градови. Градот презема конкретни потези за воведување на што поголеме ред во одвивањето на сообраќајкот, особено во доменот одземањето на пешачките простори од страна на автомобилите со непрописното паркирање. Има барем околу 500 непрописно паркирани автомобили в центар. Со набавка на половен пајак, кој ќе го купиме со кредит од еден до два милиони денари во соодветна процедура, очекуваме да се зголеми дисциплината на возачите при паркирањето и да не зјае празна катната гаража со 400 места за дневно паркирање од 30 денари – вели Бранко Нешкоски, директорт на ЈП. Казните кои возачите чии возила ќе бидат кренати со пајакот се по ценовник, донесен од Советот. На место ќе се плаќа 1200 денари, кревање од терминал 2000 денари, а 3000 денари, ако возилото е паркирано на зелена површина. Во центарот и Старата чаршија веќе функционираат платени паркинзи за 30 денари дневно.

Loading