АРХИТЕКТУРЕН УКРАС – ЗГРАДАТА ОД КАТАСТАРОТ

 

Дознавме дека зградата на катастарот пред 50 години им припаѓала на две прилепски фамилии. И со денационализацијата официонално, државата пак е сопственик. Старите сопствници се обештетени, а зградата се одржува. Биле ставени бетонски плочи, сменет е покривот и адаптиран е објектот за Катастарот. Функционалноста и поврзаноста се нормални. Има комуникација меѓу просториите, иако фасадата е запоставена – вели Живко Самарџиоски, раководител на катастарот. Интерсна архитектура е логички одраз на стилот на луѓето кои живееле. Со “џунџурки” од западен европски стил, таа порано била извор за крепење на духот и телото, и лек против осаменоста на пензионерите. Десниот дел изгледа како да не е функционален. Ѕидови се распукани. Плачат за крпење и варосување, за светнување на историјата. Затревен и запоставен е и дворот на “убавицата”, налик на онаа од Бектешовци. Во ГУП се лоцирани сите споменици заштитени со закон. Треба да се валоризира предлогот за конзервирање, кој е нов, изработен проект за одделни споменици, во кој е внесен и овој објект – велат од Заводот и музеј.

Loading