ДИРЕКТОРИТЕ ЗАМИНАА ОД СОВЕТОТ

Даниела Трајкоска, Гордана, Мицеска, Сања Конеска, Сашко Јованоски и Сами Јашаорски се новите петмина советници во градскиот совет на Прилеп од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ, откако се повлекоа од советничките места Гоце Ингилизов – директор на Центарот за јавно здравје, Бранко Нешкоски -директор на Ј.П. за просторно и урбанистичко планирање, Илија Богатински – директор на прилепската болница, Соња Блажеска – директор на Основното училиште “Рампо Левата” и Саше Николоски од Социјалистичката партија – директор на Ј.П Водовод и канализација. Советот ги верификува новите советници. Претставка до антикорупциската комисија за судир на интереси поднесе СДСМ, бидејќи во позиционите редови седеле седумина членови, меѓу кои проректор на Универзитот во Битола, директори јавни претрпијатија, установи и училишта, Болница и Центар за јавно здравство. Останаа меѓу советниците Јованка Тутеска од ПОДЕМ, која е проректор на Универзитетот “Свети Климент Охридски” во Битола и Златко Димоски од ВМРО – ДПМНЕ, кој според партијата нема конфликт на интереси меѓу позициите раководител на работна единица во Македонски пошти и советник. Месечниот паушал на 27 советници на Советот изнесува околу 14500 денари, за најмалку една одржана седница месечно и редовно присуство.

Loading