“БЕЗСРАМНИ” КОПИТАРИ

“Мајка и мало” копитари на сред бел ден кај кружниот тек кај ОУ “ Гоце Делчев” се кротат едно со друго на свежа трева. Беа три коњи, од кои на третото, кое полека навлегуваше на теренот, му се познаваат ребрата. Да “зобне”, и тоа од вкусната порција зеленило. Цица ли едното, душка ли, што и да е, за срамно е, што би рекле со речникот на децата! Поривов кај животните, да не биде толку на ачик. Минувачите немо гледаат и одминуваат, а возачите го држат цврсто воланот, стравувајќи да не им скокнат пред автомобил и да сторат беља. Но, важно е што копитарите го исполнија вредно денот. Покосија со природна косачка.

Loading