ВОДОСКОК ПРЕД ЦЕПЕНКОВ

Бликна вода од под почвата на ЦК “Марко Цепенков”. Една недела, работници на битолска фирма “мака мачеа да направат” извор, со ,,дупчалка,,. Водата изби и плисна во височина како фонтана, од 60 – тина метри длабочина под мермерот. Работниците велат дека дарежливоста на бунарот е околу шест литри во секунда, доволно за технички потреби на околината. До комплетното суредување на просторот остана кал околу, зашто треба да се испумпа чиста капка вода, како и да се направи мал резервоар околу бунарот. Бунарот ќе згасне жед на зеленилото и ќе го светне белиот мермер. Работниците рекоа дека блиските бунари во центарот на градот ќе се поврзат во систем.

Loading