ЛОКВИ СТАНА СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА

Законска заштита на мочуриштето кај Големо Коњари

Главна причина за прогласување на локалитет Локви кај селото Големо Коњари за споменик на природата е присуството на реликтниот и ендемичен вид на вилинско ракче, кои досега не е констатирано на ниту едно друго место во Македонија и во светот. Локалитет е последен остаток од некогашното пространо пелагониско блато, при што на еден ограничен простор сé уште е сочувана уникатна фауна. Се наоѓа во југоисточниот дел на прилепско поле на десет километри од Прилеп. Присуството фаунистички претставници од класата ракобразни организми во екосистемот како според диверзитетот, така и според уникатноста, го даде ендемичното минијатурно вилинско ракче. Со тоа се исполнија сите критериуми локалитет Локви кај селото Големо Коњари да биде прогласен за споменик на природата. Согласно националниот систем за заштита на природата и член 92 став 1 од Законот за заштита на природата, спомениците на природата, локалитетот се прогласи за заштитено подрачје со закон. Иницијативата дојде од прилепската локална самоуправа, а Влада во 2008 година ја усвои информација за потребата од прогласување на локалитетот Локви – Големо Коњари за заштитено подрачје. Министерството за животна средина спроведе јавна расправа. Лани се одржа и јавна расправа, при што се потврди потребата од ставањето на локалитетот под посебен државен режим во категоријата споменик на природата. Собраниската Комисија за транспорт, врски, екологија и заштита на животната средина го визира законот, а Собранието на Македонија ја даде целосната поддршка. Во Собранието постои интерпарламентарна лоби група која се залага на заштита на животната средина, поточно за поддршка на закони од областа на заштитата на животната средина, каде што членуваат пратеници од сите политички партии.

Прашањата од животната средина се приоритетни и се составен дел на важните политички, економски и социјални теми на државите од ЕУ. Земјите од Западен Балкан цврсто се определени да влезат во заедницата на ЕУ. Следејќи ја оваа определба Владата му предложи на Собранието и други закони за заштита на животната средина, а во насока на реализација на националната стратегија. Собранието расправаше за предлог законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори. И овој законски проект има европски знак. Потоа, предлог законот за измена и дополнување на законот за животната средина, предлог на законот за дополнување на законот за заштита од бучава во животната средина, закон за прогласување на локалитеот Локви – Големо Коњари за споменик на природата. Сите акти добија поддршка од пратениците во првото читање.

Пратеник

Катерина Димеска

Loading