КОТЛАР, КОТЕЛ ГРЕЕ

Кире Иваноски со необичен “занает”

Клима уредите не се конкуренција на системот за парно греење

 

Четириесеттина години Кире Иваноски, од 1972 година, се грижи да им е топло на пациентите и вработените во здравствените установи. Тој е котлар, кој се вработил во Медицински центар “Борка Талески”. Во малата просторија до котларницата му минале многу години. Иако, работел во пералницата в болница, бил возач во набавно, на крајот станал и котлар со неколкумесечна обука за надградба во не баш чистата професија, “замирисана” на нафта, масло, мазут. Првин греењето било на јаглен, а потоа на течно гориво. Бев во старата котларница во бараките кај Брза помош. Седум – осум години Веќе сум во новата котларница в Болница. Петмина колеги, успешно го оддржувавме функционирањето на ситемот за греење. Сега сум котлар, во Здравствениот дом и во Тутунскиот комбинат – кажува Иваноски.

Години со изгор зима – кочан лето

Задушлива, темна и замирисана е просторијата со инсталации. Рацете поцрнети и алиштата саѓосани. Опаѓање на косата од пот, црвенила на кожата од висока температура.. Надвор ладно – внатре пекол. Болест. “Смрт” за организмот. Котларите имаат по некоја мана за “спомен” од професијата. Мене ме “удри” во градите преку бронхопневмонија. Мирисот секој не може да го поднесе. Директно сум изложен на котлите. Кожата зацрвенува и гори од врелина, а прашината го стега грлото и го тера на кашлица – објаснува Иваноски, кој од пет часот наутро – до два по полноќ, работел шест месеци.

Кружен воден тек – место парен тек

Велат дека котларите немаат некој посебен ангажман. “Лежат” на кревет од штици цел работен век. Само, очите заскитуваат на термометрите и термостатите одвреме – навреме. Рацете треба да завртат некој железен вентил, да се конролира бренерот – горилникот. Тоа биле пламени јазици за греење на водата во котлите. Еден котел собира 500 литри вода. Од трите, функционираат два, исто колку резервоари за гориво. Котлите се полнат со вода, се греат на 90 степени и пареата оди низ линиите. Потребен е современ систем, каде од алуминиум и некој пониклуван метал. Зашто тоа е нов начин на греење, а е и скап. Со загревање на котлите на 60 степени ќе може да се загрее еден кружен тек на вода, која повеќе време останува топла. Односно, пареата низ цевките, побрзо се грее и се лади. И со вода, е исто. Само што подолго време останува водата затоплена и се штеди – објаснува Иваноски. Тој се жали дека нема добри услови, зашто е потребна посебна просторија за санитарен јазол за хигиена.

Loading