ВОДА НА “ВИДЕЛИНА” ОД НОВ БУНАР

 

Неколку бунари во близина на хотел “Липа”, на Стадион, Паркот на револуцијата, кај Комерцијална банка, кај реклами и сега пред Центарот за култура се дело на битолска приватна фирма. Работници дупчат пред ЦК “Марко Цепенков” да дојдат до вода. Очекуваат да бликне на 60 метри. Велат сите досегашни бунари имаат издашност од десет литри во секунда. Тоа е колку да се наводнува зеленилото и одвреме – навреме да се освежува белиот мермер пред Центарот за култура. Бунарите планираат да ги поврзат во систем за бесплатно и рационално користење на секоја капка од водата – рекоа работниците.

Loading