НОВ ЛИК СО ИТАЛИЈАНСКИ И НАШИ ПАРИ

ОУ “Добре Јованоски”

Комплетно е реконструирано ОУ “Добре Јованоски”. Со околу 2,1 милиони денари, од кои на Локалната самоуправа 1,2 милиони денари и 900 илјади денари донација од италијанската невладината организација КОЗВИ се реновираа ѕидовите, таваните во училиштето а се обнови и подот во училниците. Продолжувањето на вложувањата се чини подготвено да се дочека учебната 2010/2011 година. Основното училиште “Добре Јованоски” беше едно од најзапоставените со најмалку инвестиции. Бидејќи е со мешана популација, има и ромски и македонски деца, нашата определба беше да направиме современо училиште – вели Марјан Ристески. Ентериерот е сосема изменет и учениците попријатно и побезбедно ќе се чувствуваат во училиштето.

Учениците од 1- ви септември ќе дојдат во комплетно ново училиште. Апелирам до родителите на децата од македонска националност да не ги испишуваат своите деца, туку да останат и да го продолжат своето образование – вели Виолета Лашкоска, директор на ОУ “Добре Јованоски”. Италијанската фондација КОЗВИ веќе две години е партнер на училиштето за подобрување на условите за одвивање на наставата. Многу сме задоволни, зашто го гледаме заедничкиот придонес во акцијата не само на нашата организација, туку и на целата заедница. Со напорните ангажмани се гледаат резултатите -вели Ана Марија Дароча Кастрилон, проект менаџер на НВО “КОЗВИ”. Италијанците најавуваат продолжување на соработката за подобрување на условите.

Loading