СО СОПСТВЕНА КОТЛАРА

СОУ “ Ристе Ристески Ричко”

Со околу 3 милиони денари обезбедени од Министерството за образование и наука и ЛС, пред почетокот на новата учебна година во СОУ “Ристе Ристески Ричко” се реши затоплувањето. Училиштето доби нова котларница. Досега греењето се одвиваше заедничката со основното училиште Блаже Конески. Мака мачевме со загревањето, зашто котлите беа застарени и на тврдо гориво. Соседите реагираа поради застарената опрема и оџакот кој правеше загадување. На парниот котел редовно правевме поправки што се дополнителни трошоци. Со инвестицијата ќе се реши голем проблем – вели Петар Чешелкоски, дирекор на СОУ “Ристе Ристески Ричко”. Во средното општинско училиште “Ристе Ристески Ричко” кое е изградено пред повеќе од 15 години наскоро ќе се постави и камен темелник на новата спортска сала која е амортизирана, зашто од минатата година отворена е и насоката спортска гимназија.

Loading