БЕЗ ПОТ СО КОЛИЧКА

Иако помина времето кога со магариња или на коњи се носеа товари со дрва или производи, останаа некои неопходни “попримитивни” колички. На грб, или на рамо, амалите им ги носеа производите на богатите прекупци кои иделе од други места, села, носејќи жито и други градинарски производи за продажба. Секогаш не можеле да најдат блиско место до пазарот, да се растоварат и сместат, па ја користеле работната “сила” на оние кои нуделе таква услуга за минимална цена, колку дома да однесат дневница. Луѓето работат како надничари. По фирми и фабрики работата за надница, односно дневнца. Фотографијава е свежа. Покаува како се носат тезга во пазарот околу 200 килограми пиперка со кои вредниот чичко ја натоварил количката. Едноставната количка, полесна е за рачно туркање.

Транспортно средство е на понудувачите на својата работна рака околу Градскиот саат и пазарот – да се “при рака” во секој момент. Во зависност до каде ќе носат, обично каде е паркирана колата или до дома, наплаќаат различна тарифа. Од 50 денари па, нагоре. Работата не им е лесна. Потекуваат капки пот, се лепат рацете на железните вкрстени рачки, се вложува сила, паѓа и по некоја пцовка и кавга додека се стаса до некоја тезга длабоко внатре во пазарот. Некој ќе го подтурне, на некој ќе му ја фати торбата количката, на некој ќе му ја скине кесичката па, ќе се растури зајрето, со некој неразбран кои со велосипед влегол в пазар не може да се размине, иако, “количкарите” се умешни, испраксирани и внимателни. Значи, покрај трудољубивост мора да покажат и брзина при пренесувањето. Постарите пензионери, мераклии на прошетките во пазарен ден низ пазарот, свесни дека им треба помош за кревање, мирно пазарат, а производите им ги носат до дома. За секој да има по малку…

Loading