ДУША ВО ЛЕР

Убаво, средено, баш на место изгледаат новите марки на автомобили зад росвајт оградите во катната гаража за автомобили. Нови стилови на заштита и на автомобилите, која и не е така непозната за странство, па и за нашите возачи. Разликата е што таму обично се прават во близина на трговски центри, или индустриски зони. Лесните возила бараат спас и “издишка” од жештините во сенка. Се “одмораат” од движењето на четирите тркала, пробивајќи се по маглата пред шофершајвната, која е плод на врелиот асфалт. Сивиот “дом” подигнат на 10 илјади метри квадратни со 400 паркинг места, од кои зјаат огромни прозорци за луфтирање, струмичкиот бизнисмен го чинел околу 4,2 милиони евра. Во строгиот центар на кај Автобуската станица, автомобили минуваат рампа, и по полукружна патека се упатуваат до место за паркирање на еден од трите ката. Катната гаража е соодветно накитена. Цветни жардењери со уредено зелено паркче и дрвени клупи под крошнести диви костени. Човек би пуштил душа во лер, лезетски да се истегне низ зеленилото. Да се доуреди просторот, нема инвеститор за преместување на автобуската кај железничката или можеби кревање сличен објект за превоз на патници на истото место.

Loading