ПОПРАВЕН АПАРАТОТ ЗА СТРЕС – ТЕСТ

По две години “прекин” се реанимира еден дел од “срцето” (стрес – апаратот) на Интерното одделение во прилепската болница. Апаратот, кој две години мируваше поради дефект, повторно им е на услуга на болните од кардио – васкуларни заболувања.

Началникот, Димитар Ристески, укажува дека ќе се намалат смртните случаи со навремено дијагностицирање на срцевите мани.

Болницата го отстрани дефектот со сопствени пари.

Д-р Ристески, ветува набавка и оспособување на кадри за современата апаратура за интерниот оддел да не скитаат граѓаните по други градови, барајќи дијагноза и лек за срцето.

Loading