АВТОМОБИЛИ, МЕСТО РОМАНТИЧАРИ

Прекрасен дрворед покрај улицата која оди паралелно со градската река кон Автобуската станица. Ги рашириле крошните дрвјата, потсетува на некое катче од мирно место каде нема жители. А центар. Тука во близина на училиштето “Кочо Рацин” е куќата на Бектешовци, која им е интересна на странците поради некои необични архитектонски зафати, правени под влијание од Запад. Пријатно е за прошетка по тротоарот приквечер во ладовина, кога дувка свежо ветре под влијание на реката. Необично е коритото на градската река, оградено со седум редови на камен ѕид. Камењата, се исти по големина.

Наликува на кинескиот ѕид, градска река или Оревоечка… Опкружена со широко распослана трева се почесто се коси, со мирис на свежина. Ако во пазарен дојдете тука, врие од автомобили. Тротоарот од двете страни зафатен. Брзат продавачите да фатат место за автомобилот да им биде под сенка, за од кај страната на реката под дрвјата. Новата катна гаража треба да им го ослободи тротоарот на пешаците. Но, дали ќе ги искоренат старите навики?!

Loading