КАКВИ СЕ НАВИКИТЕ ЗА ИСХРАНА?

Начинот на исхрана, навиките, степенот на раст и развој кај децата помали од пет години и кај жени од 15 – 49 години, се цел на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје заедно со центрите во РМ. Тим од двајца лекари ќе анкетира околу 8500 домаќинства.

– Обработените резултати ќе утврдуваат слабокрвност кај дел од населението. Финалниот извештај ќе се објави – велат од РЗЗЗ.

Во фамилијата се вршат и бесплатни анализи на крвта. Се мери тежина и висина на членовите на анкетираното семејство. Податоците се заштитени од злоупотреба.

– Разговаравме скоро час за домашната трпеза. Што најчесто се внесува во телото. Здравата исхрана и ведро расположение, духовниот развој, радоста во животот зависат од правилното балансирање на витамините, белковини, јаглехидрати. Најважни се течностите, зеленчукот, месото, млеко па и слаткото – благо – вели наша соговорничка.

Правилната комбинација на разновидна храна, а не строги диети дава мир и здравје.