ПЛОЧКИТЕ ПОПУШТААТ ОД “ГОДИНИТЕ” ИЛИ “ТЕЖИНИТЕ”

И додека во светот прават улици и од злато, кај нас уште испукани, раскршени дупки на плочникот во центарот градот или шеталиштето кое на младите генерации им е како корзо. Што им се случи со белиот мермерен тепих со сив декор. Повеќе личи на “теписон”. Можеби се мислело дека е доволно да се поднесе “товарот” од минувачи. Можеби се искршени од забранетите чести влегувања на камиони автомобили. Факт е дека искршените плочки се почесто препнуваат, подклекнувате, од што крцкаат зглобовите. Фотографијава е во близина на Музејот на 11 Октомври. А вакви дупки има на разни места на плочникот околу пазарот. За да поминете ќе треба сигурен чекор, задолжително ниска чевла, зашто висока штикла може да остане во некоја од дупките или да завршите со скршеница на ортопедија. Внимателен и стегнат чекор и од. Секое опуштање може да да е фатално. Ништо не е вечно! Што би било кога работите не би се менувале.

Loading