ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НАУМОВСКИ ПРЕСЕЧЕ ЛЕНТА

 

            Прилеп има уште една цветна улица која е продолжение на пешачката патека со насадените јапонски цреши. Со бехатон плочки покриени се 1700 метри квадратни од улиците “Јане Сандански”, “8- ми Март” и “Републиканска”, со што се заокружи пешачката зона во Старата чаршија. Поставени се канделабри, жардињери, клупи. Црвената лента на цветната улица ја пресече вицепремиерот Васко Наумовски на празникот Света Петка.

Loading