ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД КАРПАЛАК

 

          Да биде расветлен случајот Карпалак побара градоначалникот Марјан Ристески на одбележувањето на 9 годишнината за да можат поколенијата на загинатите бранители и јавноста да дознаат што точно се случи на 8 август 2001 година кај Карпалак, а со тоа да се жигосаат виновниците и сторителите на настанот никогаш да не се повтори и да не се заборави. Годишнинатата се одбележа со посета на гробовите на загинатите, панихида во црквата Св. Благовештение. Беше означен и почетокот на изградбата на споменичниот комплекс Карпалак во центарот на Прилеп кај крстосницата на улиците “Васко Карангелески” и булеварот “Гоце Делчев”.

Loading