СЕ ЧИСТИ РЕКАТА

 

            Пресечени се врбите кои растат во речното корито, се чистат тревите, џбуновите на Градската река и на одводните канали со цел да се подобри протокот на реките и полесно да се врши одводнувањето на земјоделското земјиште во близина на каналите. Водостопанското претпријатие “Прилепско поле” врши надзор, а чистењето го изведува скопската фирма “Аква монтинг”. Откако ќе бидат исчистени каналите, чистењето ќе продолжи во општина Долнени.