ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО 2024

Заводот и музеј, и оваа година, за Европските денови на културно наследство, најавува богата програма во септември и почетокот на октомври.

На 23 септември, в понеделник во 11 часот во Меморијалниот музеј 11-ти Октомври, Участокот, авторот, кустосот советник Рубинчо Белчески, на настанот „Ченто во училишните библиотеки”, на сите училишни библиотеки ќе им подари по еден примерок од Фотомонографијата „Ченто – биографија низ фотографија”, во издание на НУ Завод и Музеј. Целта е да се продлабочи соработката меѓу музејот и училиштата од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, во годината кога се одбележува 80 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, чиј претседател на Президиумот бил Методија Андонов – Ченто, човекот – визионер кој се бореше за независна и самостојна Македонија.

На 24 септември е интерактивната работилница „Македонија – крстосница на Балканот во минатото”, на која предавач е кустосот, советник, Душко Темелкоски. Македонија отсекогаш била крстосница каде се преплетувале култури од соседните региони. Во праисторијата поврзаноста со нив е преку глинените фигурини на мајки – богинки и разни облици на садови и накит, во времето на Римската империја, тоа е главната патна артерија Виа Игнација, додека во средниот век, Прилеп во еден период имал особена трговска врска со влијателната република, градот Венеција.

Револутивните изуми и симболичката комуникација во неолитот низ призмата на локалитетот Врбјанска Чука е предавање  на  д-р Гоце Наумов на 25 септеври. Следниот ден е изложбата и дебата на тема “Симболичка акултурација на феноменот на тутунот во Македонија” во Музејот на тутун, а во реализација на Александар Цветкоски, кустос, советник.

Потоа, следат настаните за развојниот пат на музејската библиотека и презентацијата „Сите патишта водат кон Рим”, изложбите „Современата уметност како инспирација за идните генерации”, „Музејски приказни и поучни пораки” – предавање, „Уметноста не е нешто – тоа е начин” и презентацијата и работилницата „Отворете ја градската порта”, потоа хорски изведби на основците на роднокрајни песни и работилницата „Накитот низ вековите во Македонија како инспирација за идните генерации”.

Loading