НОВА ХАИКУ ЗБИРКА ОД ТОНИ ПАВЛЕСКИ

Toni Pavleski

,,Полноќно сонце,, е новата хаику збирка од нашиот поет Тони Павлеска. Отпечатена е со поддршка на Министерството за култура. Објавени се 162 хаику творби создавани последниве две години.

Во збирката е уловен хаику моментот. Според Сузана Ѓорѓиевска, Павлески не си игра со формата, туку си игра со сé околу себе.

-Авторот си игра со сонот и со јавето, со земјата и небото, со душата и срцето. Испростумени пред хаику зрнцата, небаре пред зрнца пченица во ровка земја, впиваме големо бабрење. Бабри неговото утро, пролетта, есента, зимата. Бабри неговата љубов, солзите, бабри перото со специфичен модус вивенди, кое војува со сите аномалии на јавето и умее заглушувачкиот рев на реалноста да го претвори во уметност. Бабри реалноста и станува наша – вели Ѓорѓиевска, посочувајќи дека хаику творбите се разбирливо уметничко дело.

Ова е втора збирка со хаику поезија на Павлески од опусот на шест збирки поезија. Застапен е и во хаику антологијата од македонски автори.

Loading