Дронови летаа со 200 на час!

Моделарство: Светски куп

На стадионот Могила беше Светскиот куп во летови со мултиротори (дронови), организиран од клубот Фил феникс и ВФМ (Воздухопловната федерација на Македонија), според календарот на ФАИ (Интернационалната воздухопловна федерација). Трките беа со неверојатни брзини и до 200 км. на час. Дроновите наликуваа на брзи оси, управувани од пилоти. По дводневните натпревари, победник е Назим Тузун (Турција) пред Јуран Тиан (Кина), Давид Спачек (Чешка), а на високото четврто место е Бојан Ников (Македонија). Покрај натпреварувачи од Македонија (уште Александар Ников и Бошко Петрески), учесници беа и пилоти од Србија, Турција, Унгарија, Кина и Хрватска.

Клубот Фил феникс е активен и во воздухопловното моделарство. Викендов претстои настап на Лука Најдоски во Словачка, во Ф1А за јуниори, во борба за медал.

Loading