Театарски фестивал за деца “СИЛЈАН ШТРКОТ”

Петта година театарскиот фестивал за деца “СИЛЈАН ШТРКОТ” е значаен настан кој продолжува да го збогатува културниот живот и да го афирмира театарското творештво од најмали години во градов. Од 16 до 21 септември, ќе се понудат многу придобивки за развојот на децата и културниот живот на заедницата.

– Тој е важен од повеќе аспекти. Корисен е за развивање на креативност кај децата, збогатување на образованието, развивање на социјални вештини, јакнење на емотивната интелигенција, критичко размислување – велат организаторите.

Ќе учествуваат МТП Прилеп со претставата “Убавицата и ѕверот”, МТЦ ЗОНА со “Чернодрински се враќа дома”, Театарот Бабец од Битола со “Бременски музиканти” и нивната младинска претстава “Сомнително лице”. Програмата продолжува со претставата “Книголандија” од театарот од Штип. Фестивалското  издание завршува со концерт на фамилија 5+: Бенд 5+ забава за целото семејство.

– Секој ден имаме посета на градинки за најмалите деца да земат учество во интерактивните активности и игри. Предвидените работилници се од различен уметнички свет, танц, ликовна уметност и драмска култура. Децата се запознаваат со основните принципи и правци во уметноста. 

Фестивалот “Силјан Штркот” е важен чекор во продолжувањето на традицијата на промоција на театарот за деца. Со неговата богата програма и посветеност на квалитетот, фестивалот продолжува да го инспирира и образува младото поколение, нудејќи им уникатни културни и уметнички искуства  – истакнуваат од фестивалот.

Loading