Графиките на Пембе и четките на ќерка му Ана Момироска

Заедничка изложба

“Рапсодија” е заедничката изложба на Атанас Пембе и неговата ќерка Ана Момироска што ќе биде отворена на 17 септември, од 19 ч. во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”.

Атанас Пембе е познат во ликовната јавност, а неговата ќерка Ана, повеќе години твори и сликањето и е хоби.

– Изложбата ја нареков “Рапсодија”, затоа што е колаж од идеи, емоции и техники – графит, молив, масло на платно, акварел. Спонтано, во преден план, дојде жената како инспирација, во секое свое издание, од црно-бело до раскошен колорит. Ветеранот Пембе ќе учестува не само со дела со препознатливите графики со староградска архитектура. Неколку дела ќе бидат изложени и од  внуката Тамара Ристеска – вели Ана Момироска.

Loading