ПРИЛЕП ВО ЧАД ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО

Неколку дена Прилеп се дави во чад од пожарот во мариовско. Според началникот на Кризниот штаб, Ирена Стерјовска, пожарот имаше размери на “чудовиште” затоа што линијата на опожарениот појас е веќе повеќе од 20 км.

– Во опасност беше селото Бонче каде со помош на противпожарните  единици од Прилеп, Битола, Кавадарци, Могила и Новица, пожарот беше спречен да се прошири и да зафати дел од куќите и добитокот. Критично беше кај село Крушевица. На повикот од Кризниот штаб, одговорија и единиците од Охрид, Ресен, Радовиш, Свети Николе. ангажирана е Армијата.Војниците по неколку саати остануваа длабоко во густиот чад – изјави началникот на Кризниот штаб, Ирена Стерјовска.

До затворањето на весникот, со воздушната поддршка со хиликоптер и авион се интервенирало колку што дозволувала густината на чадот по безбедноста.

 Според Стерјоска, во средата селото Пештани не е загрозено. Пожарот е високо во планината кај Дуње и Кален. Селата не се во опасност. Над Кокре гори високо во планината. Постои жариште кај репетиторите над Штавица каде гаснеа екипите од Национални шуми. Ноќе ќе има пожарна стража, бидејќи станува збор за многу стрмен и непристапен терен.

Таа апелира да не се крева паника и непотребни тензии, туку енергијата да се насочи на пожарот.

Loading