Пониски цени на 2540 производи?

Наскоро

Управниот одбор на Регионалната стопанска комора Прилеп во проширен состав со присуство на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик – министерот за економија и труд Марјан Ристески, расправаа за новиот закон за нефер трговски практики, кој беше презентиран.

Во листата од земјоделско прехранбени производи опфатени се 2540 продукти. Консултирани се работодавачите, стопанските комори и здруженија кои се занимаваат со производство на храна. Работен е според европска директива од 2019 та година. Во третата фаза ќе треба трговците и производителите да склучат нови договори за снабдување со трговците на мало.

– Го презентиравме Законот за нефер трговски практики за земјоделски производи, донесен на 30 март, а имплементацијата треба да почне од 28 септември. Со законот се уредуваат односите меѓу добавувачите и производителите со трговците, односно претежно трговијата на мало. Дефинирани се сите односи за рабатот и другите ставки што влегуваат во пресметувањето на вкупната ставка која не би била поголема вкупно од 10 отсто при склучувањето на нивните договори. Законот е прв во Југоисточна Европа. Тој е од голема важност, бидејќи се регулирани овие односи. Крајниот ефект ќе се одрази на цената на производите, односно најголем бенефит ќе имаат крајните потрошувачи. Се регулира висината на рабатот, маркетингот во малопродажбата и другите ставки кои нема да надминат 10 проценти. Оставена е можност во одредени месеци на поголема побарувачка или акција на одредени производи процентот да биде над 10 отсто. Но, просекот во годината нема да го надминува овој процент. Досега процентите беа многу големи, 30, 40 отсто по одредени производи. Тоа се одразува на крајната цена на производите – рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Соочувајќи се со сериозниот проблем од трговците дека се наплаќаат преголеми надоместоци кои де факто влијаат на набавната цена, европските производители и земјоделци морале да направат нешто за да се стави ред.

– Заедно со Владата, Министерството ја трансформираме директивата во национално законодавство, поддржувајќи ги земјоделците, производителите, синдикатите и асоцијациите да можат послободно да ги пласираат своите производи – рече Билјана Додевска, државен секретар во Министерството за економија и труд.

Листата на производи опфаќа земјоделски производи, освен тутунските и сродните производи и алкохолот кои не се третираат за храна и подлежат на акциза.

– Поголемиот дел од членките на Регионална стопанска комора се производители. Затоа во целост го поддржуваме законот и се надеваме на успешна имплементација. Важно е како ќе се спроведува надзорот – посочи Никола Мариновски, претседател на комората со седиште во Прилеп.            

Loading