ЧУДО ОД СИРУП ЗА БЕЛИ ДРОБОВИ

Против кашлица, за силен имунитет еве еден рецепт од тетратката на нашите баби. Станува збор за мед или сируп од глуварче. Ги уништува вирусите и бактериите.

Од коренот до врвот, глуварчето е лековито растение. Лек е од древно време. Најчесто се користи за чаеви. Од листовите се прават салати. И цветовите се исклучително здрави и вкусни како мед или џем од глуварче. Медот од глуварче најчесто се користи за лекување на респираторни инфекции, го штити здравјето на белите дробови, го јакне имунитетот и е одличен за детоксикација. Секое утро земајте по една лажичка мед од глуварче, ќе добиете одличен еликсир за здравјето на целото тело.

Важно е цвеќето да се бере во чиста и незагадена област, во природа или во рурална средина каде што нема премногу автомобили, прашина и загадување.

Потребно е 200 свежо набрани цветови од глуварче, 1 лимон, 1 портокал, 2 литри вода и 2 кг шеќер. Од набраните цветови целосно се отстрануваат зелените стебленца, да остане само жолтиот дел. Се мијат во ладна вода. Цветовите се ставаат во тенџере, се преливаат со 2 литри вода  и се оставаат да зовријат. По вриењето се намалува температурата, се поклопува со капак и се готви уште 20 минути. Се цеди и се истура течноста во големо тенџере, па се враќа на топлата рингла и се додава шеќерот. Се меша додека шеќерот се стопи и сирупот добие густина. Се мие лимонот и портокалот, па се сече со кората и се додаваат во медот. Се меша  и се готви на ниска температура за да згусне како мед или малку поретко. Се трга од огнот и се остава да се лади. Добиениот мед заедно со целото овошје се тура во чисти тегли. Се чува на ладно и темно место.

Доколку не се консумира шеќер, истиот ефект може да се постигне со ливадски мед.

Loading