ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (253) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Исто така се спомна историски настан од минатото раскажан од домаќинот Трајан да селото Марул не било каде што е денес, него преку брегот бонечко – подмолски во присојот во местото Чалите во сињорот помеѓу Бонче и Подмол рече Трајан, ми кажуваше дедо Атанас Танески 1840 – 1917. Трајан бил на дваесет идве години кога умрел дедо му Атанас.

Повеќето од присутните гости не го прифатија Трајановото кажување поради таму нема никакви историски белези, и така таа историска тема се замолкнала. Дојде време за вечера, домаќинот Алексо рече, сега ќе биди вечерава, замолувам сите да останите за вечера така да го пролсавиме вечерниот празник за Варвара не само помини замини, рече домаќинот Алексо. Сите присутни од младината со свирачите останаа на вечера кај Трајановци за вечерниот празник за Варвара во 1958 година.

Вечерта за куќната слава за денот Св. Никола зимен 18 декември 1958 исто така имаше организирано со музика, правено посети кај домаќините за куќната слава за Св. Никола. Оваа вечер прошетката беше со двајца помалце од возрасните ергени и тоа Бошески Трајче и Колески Благоја поради дома ја имаат Св. Никола.

Останатата група заедно со музичарите беше истата како за Варвара. Прошетката од кај средселото прво со музиката кај Димитријовци предводени од постарите младинци Јанкоски Трајче, Митрески Петре Мурџески, Павлески Павле Ванчоски тука е веселиот ораџија и песнаџија Петрески Раде Бабјак, Танески Ќиро и Сребре тати Јанкоски Атанас, Колески Цветан, Чонески Симон, Танески Спасе, Митрески Коста, Дамјаноски Благоја, Василоски Китан, Орданоски Методија Танески, Јовчески Томе, Јованоски Данчо, Јанкоски Ванѓел и Ванчо, како и свирачите Петрески Најденко – Нацко и тапанџијата Петрески Петре Мурџески нема да го заборавиме Бошески Драган.

Домаќините Димитријовци – Новачевци убаво ги пречекаа младите гости, им обезбедија место на гостинската и почестени од сé што имаше на гостинската трпеза. Гости кај Димитријовци беа странски. Ќерката Павлина на домаќинот Јован со момчето Видан Толепашоски од с. Добрушево фамилијарно исто така и ќерката Аргида со фамилијата и момчето Благоја Маркоски од Штавица, преселен во Прилеп.

Гости од Марул беа Василоски Милан, голем девер при венчавката на посиноко Милан со Мара, дотогашна Живкојца. Тетинот Митрески Јованче со сопругата Коприна, тетка на Мара Миланица, на татко е Неделко, сестра од с. Беровци. После една мала пауза крштеникот Димитријоски Најденко Нацко и брачед му Петре Мурџески ја активираа музиката со неколку ора и песни, се развесели куќата. Јованче Мурџески изрипа на оро како напреџија, ороводец до него неговата сопруга Коприна на орото каламатија се направи убава веселба. Домаќинот Милан дарбосан ораџија го порача орото Куцано. Нарипаа младите, тапанарот Петре прилично силно мава на тапанот, пламенот од газиената ламба повисоко лептери, веселбата е на високо ниво кај Димитријовци – Новачевци. Свирачите и младината го остава со гостите да продолжат со вечерната прослава на Св. Никола, тие заминаа кај Илија Кадијата Анѓелески – Стеваноски.

Гости кај Кадијата беа паштерката Цвета со момчето Алексо Перкоски од с. Алинци, прилепско. Паштерката му Веселка фамилијарно со момчето Ванчо Бабјак марулец, Велјаноски Благоја, Јанкоски Ладе со жената Донка и ќерка му Бојана, Јолески Божин фамилијарно со жената Доста и ќерката Ракида. Доста и е роднина, сестра на домаќинката Илица Дуна. Ристе и Ристејца Митра Дамјаноски. Татко е на Алексојца Милица, Богоја Милески од с. Клепач.

Само што започна музиката нарипаа играчите од по трпезите, се фатија на орото. Ороводец беше домаќинот Илија, стар гајдаџија врти со капата и лулето запалено и вика по синот Алексо, ајде сине, доби одговор, јас не играм, само пеам. Ладе, внук од брат на Илица Дуна свика, Нацко прекини го орото, Алексо сака песна. Алексо се јави, не можам вечерва, сум слуга. Тој не е ниту ораџија, ниту песнаџија, само да се оправда пред дедото Богоја. Веселбата беше гала веселба, нафатени младинците тати девојчињата. Бојана, Илина, Ракида Ванчо, Алексо, зетовите Благоја, Ладе, комшиите. Гостите беа убаво пречекани со неколку ора и песни свирачите и младинците влегоа кај посиноко на Илија, Живко Стеваноски.

Гостинската соба према квадратурата се наполна со гости. Гостите пречекани и почестени домаќински од сé што имаше на гостинските трпези. Селски гости беа Јанкоски Крсте со ќерка му Најденка, внуко на Живко, брат на мајка му Дуна. Најденка и беше куќна помошничка на снаата Неда односно Живкојца. Други гости, сестра на Живко, Цвета со момчето Алекса и децата Перкоски од с. Алинци, прилепско.

Кебакоски Милан од с. Кадино село, прв брачед од тетка на татко му Најдо на Живко. Милан е војник на Втората македонска ударна бригада во времето на Информбирото во 1948 година е осуден на осум години затворска казна, ги одлежа сите години.

Менкароски Анѓеле од с. Српци, прв брачед од стрико на татко му Најдо на Живко. Свирачите и нивното друштво со по неколку отпеани песни и исполнети ора ја напуштија Живковата куќа и заминаа за кај Николовци. Стоев Алексо наречен антикрист од с. Рапеш, преселен во Битола, татко на Неда Живкојца за чудо ќе го заборавеме како гостин.

Друштвото со музиката кај Николовци беше примено домаќински на гостинската трпеза со добродојдовте и почестени како гости на домаќинската трпеза со еден исклучок. Павлески Павле Ванчоски не влезе поради има судска расправа од на денот Василица во зимото истата година.

Гости им беа домашни од Марул и надворешни од разни страни. Од селава Марул Јованоски Алексо и Душан внуци на домаќино Петре од Јован први брачеди со Петре од брат и сестра. Митрески Степан Мурџески. Петрески Алексо Бабјак деленици постари со Божна. Павлески Јованче Јоноски со сопругата Анѓа Бабјакоска деленици со Божна.

Надворешни странски гости Недан Бабјако од Битола татко е на петревата паштерка Божна. Трајко Бабјакот, брат на Божна од Прилеп. Ристе Јошески – Николоски голабаро домазет кај Карбевци во Мало Рувци брат на Петре голабаро, Ѓорѓијоски Дано од Бешиште преселен во с. Мусинци брат на Стојан домазето Николоски.

Свирачите од една мала пауза односно одмор станаа и почнаа да свират песни и ора, младинците се разиграа меѓу нив се видоја и постари играорци како Алексо Бабјак Јованче Павлески, па и домаќинот Стојан.

Едно женско ситно оро за рака го поведе постарата домаќинка Петрејца Митра. Петре, мажот е, гледа да неговата жена Митра оро води, возбуден од таа глетка, нешто од пијачката стана простум од челното место на трпезата   и со повисок глас рече, терајте момци оваа куќа нема видено ваква веселба од свадбата на Божна со Стојан. Ова нешто им даде поттик на играорците веселбата достигна екс ниво.

Продолжува    

Loading