ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (252) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со една мала починка на свирачите додека се поздрават со домаќините и присутните гости удобно почестени со сé и сешто на гостинската трпеза. Свирачите ја активираа музиката и ја развеселија куќата. Младинците развија ситно оро во кое се примеша и гостите кои ги имаше дарбосани ораџии како Павлеските браќа, талентираните Бабјакоски, весели ораџии, сестрите со зетовите поготово Танејца Анѓа дарбосана ораџица, млада на 34 годишна возраст. Мицеската домаќинска куќа со голема веселба беше напуштена, свирачите и нивното друштво заминаа во посета кај комшијата Танески Димко.

Свирачите и друштвото кај Димко беа пречекани и почестени на гостинската трпеза домаќински. Други гости кај Димко беа само марулци. Петрески Ванчо Мурџески со сопругата му Мара, прва брачеда на домаќинката Димкојца Бојана, деца од два браќа од Паламидовци од с. Алинци, битолско, Јанкоски Ладе со Најдоски Алексо Кадијата, марулци. Димко и Ладе од нивните млади години со овчарлакот биле добри доверливи другари. Времето им останало верно. Со една мала пауза свирачите е започна музиката, веселбата во димковата куќа со песни и ора од учесниците, млади момчиња. Димко и Ладе не можејќи да е издржат се фатија на ората. Ладе викна по свирачите да му е свират џангурица. Како што им диктираше со уста Ладе, така му е свиреја што е важно му е исполнија желбата на Ладе.

После неколку весели песни и ора свирачите и нивното друштво весело распејани е напуштија димковата куќа и одседна кај Таневци Ристевци.

Еден непредвиден скандал од страна на Димко и Ладе во нивното време како млади овчарчиња против една млада девојка.

Имињата на нејзината фамилија и нејзиното лично име ќе бидат анонимни, тајни. Овчарчињата Димко и Ладе, ашлаци, недораснати во умот. Како овчари јаловари ги лежеле овците на брегот западно од училиштето се додека утринската роса во тревата тотално не испари од тревата. Ако пасат младите јагниња од росна трева, фаќа живи влакна, се бели, слични се како шпагети, му ги задушуват дишните органи – белите дробови и задушуват и можи да умрат. Димко и Ладе седејќи поред своите булуци овци за сé и сешто за нивното ашлакоско време.

Во тој момент посочената анонимна девојка со стомните в раце идела да залее од Павлескиот кладенец. Ладе по природа мајтапџија, Димко она те сака, гледа само во тебе. Таа појма нема од нивното зборување слободно си отишла на кладенецот, ги наполнила стомните со вода. Во тој момент дошол Димко и предлагал љубов. Во тие времиња без посредници тешко било за до љубов. Димко зелен, недоздреан. Таа убаво му рекла, јас сум пет години постара, не ми личи со тебе љубов да водам.

Му објаснила момата на Димко, нашите мајки се од Штавица, се другарки. Кога мајка ти умрела во 1914 година пред нејзиното вечно починување е побарала мајка ми да и биди месарица со тоа зафаќаме светијонство. Димко зелен почнал вулгарно да се однесува према нејзе. Таа налутена го собула налунот од ногата, го зела, го мавнала по чело Димко, му пукнала кожата, се раскрварил, солупен на челото. Таа ги зела стомните, си отишла дома и раскажала што и се догодило на кладенецо и од кого.

Димко со раскрварено чело оди на брегот кај овците со Ладе, ги потеруват булуците овци на пасење према коритите за во штавички ливади. Вечерта кога си иделе со овците за дома, Ладе Јанкоски напре со булуко ги тера, а Димко по Ладе го тера неговиот булуг пред него.

На брежето пред кладенецот Павлески, двата браќа на анонимната девојка со вилите железни в раце тропнале на плазиката и го прашале Ладе каде е тој мочко Димко Танески. Димко слушнал да има закана од браќа е на девојката, ги оставил овците и се вратил назад во темницата во местото Коришиште. Ладе ги отерал двата булуци дома и му ја раскажал на Димковите домашни ситуацијата. Димко ноќта се вратил во трлото Јанкоско, се стретил со Ладе и останал тука три дена сокријан. За тоа време сите потребни работи за одржување на животот на Димко, ги извршувал Ладе. Откако се посмирила ситуацијата преку селскиот кмет Димко си отишол дома кај Таневци Стојановци. 

Домаќините, Ристеските браќа Јован и Благоја овде заведени по нивната старост на родување неделени живеат во заедница. Свирачите и нивното друштво сопатници како гости младинци од домаќините беа пречекани и почестени на гостинските трпези весело.

Гости надворешни и селски ги имаше прилично доста. Надворешни гости беа ќерка му на Ристе Спасија со момчето Јаковче од с. Чумово. Кржески Тале од с. Подмол, брат на Велика Ристејца. Братот Борис на Благојојца Лефтерија од Минчевци од с. Алинци, битолско.

Гости од селото им беа Василоски Алексо, Велјаноски Благоја, Бабјако Ванчо, Јованоски Димитрија Курела, Котески Тоде, тоа е генерација од Втората војна и од Колективот. Јованоски Димитрија му е внук од сестра на Ристе, а нунко на домаќинот Благоја.

Свирачите и младинците со една мала пауза ја започнаа веселбата вечерна Варварска со песни и ора. Јован  домаќинот голем ораџија, до него младинците да ги наброиме беа повеќемина, тати снаата Лефтерија, куќата весела. Многу беше интересно кога се фатија за орото Куцано. Јован домаќинот, Алексо Василоски, Колески Благоја, Бошески Трајче, Јанкоски Трајче Танески Ќиро и Сребре од весело, повесело. Јованоски Димитрија голем музичар преку свирачите ја порача една стара песна Велико моме сенѓузе, ние помладите за прв пат ја слушнаме таа песна. Радиото тогаш немаше во селото ни за вести, ни за песни. Веселбата кај Ристевци заврши, свирачите и нивното друштво отидоја кај Трајановци Таневци, дедо му на бизнисмено Џорч.

Свирачите и сета група кај Трајановци беа пречекани весело како гости поседнати кај гостинските трпези и почестени од сé што имаше на гостинските трпези. Кај Трајановци имаше доста гости. Странски гости, беа ќерката Илинка со момчето Блаже од прилепско Алинци, Ѕвезда ќерката со момчето Панде Белески од с. Путурус. Сестрата на Трајан, Благуна со момчето Стеван Смилески од с. Добрушево. Сестрата на Трајан, Цветанка со момчето Ванѓел Лискоски сенатор од с. Добрушево. Стојко од Орленците со жената Васка од с. Подмол, сестра на починатата Трајаница Менка.

Гости домашни марулци им беа Јанкоски Крсте, прв брачед на Спасија Алексојца, Јолески Божин со жената му Доста, прва брачеда на мајка е на Спасија Алексојца, како и нивната ќерка Ракида. Николоски Петре Галабаро брачеди со покојната Трајаница Менка по Чакмаковци од с. Мало Рувци, Стеваноски Живко, втор брачед на Спасија Алксојца, воедно и нивни крштеник. Николоски Петре Галабаро, брачед на починатата Менка Трајаница по родот Чакмакоски од с. Мало Рувци, Котески Ѓорѓија нивни комшија. Со една мала починка на свирачите започна веселба во Трајаноската куќа за вечерна Варвара. Се исвирија повеќе изиграни ора и испеани повеќе песни. Домаќинот Трајан постар дедо како гајдаџија за неговото време ги испеа старинските песни Девојче бело црвено, Женил се Петре војвода, Велико моме сенѓузел, Прстен ти падна Нешо, Анѓелино моме што си налутено џанам. Песните беа пратени со музика и вмешани повеќемина од постарата генерација.

Продолжува    

Loading