ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (250) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Групата со музиката од кај Дамјановци оди нагоре по скалите и влегува во гостинската соба кај Милан Василоски. Времето прилично касно. Сите од групата примени весело од домаќините. Гостите си најдоја места за седење на гостинските трпези. Гостинската соба, прилижно топла, загреана. Сервиси за почестување има пред секого. Присутни гости кај Милан Борачо ги имаше прилично доста. Марулски гости беа Павлески Ванчо со жената му Васка, сестра на Милан. Анѓелески Илија Кадијата. Танески Тане и Блаже Крстески. Димитријоски Милан со жената му Мара. Милан им беше голем девер при венчавката на Милан и Мара. Танески Алексо и Јован. Надворешни гости: Гудески Блаже со жената му Крста, присестра на Милан од с. Мојно. Делоски Блаже од с. Штавица, прибрат на Милан додека асли брат на Крста од с. Мојно. Ширкоски Блаже со жената му Цвета од с. Мало Рувци, полусестра на Милан од исти татко. Се знае да е тука Танески Јован орото куцано нема да биди без куцаното. Веселбата во куќата е на високо ниво.

Меѓувреме Павлески Ванчо ловџијата излезе надвор на чист воздух на чардакот кога се врати како да одржа еден говор да објасни пред сите гости. По неговиот нарав Ванчо рече, ве моља вечерва селските кучиња се вознемирени, а ги слушам и државните кучиња во трлата кај бртвите се вознемирени, лајат со некој чуден дебел глас, кам кам, камкам.

Можи се вознемирени од џагоро на луѓето и тропањето на тапанот му е вознемирен сонот. Можи од мизирбата на куваната храна чекат некој да му понуди. Но, најсигурно  е да има некането гости во поголема група, глутница му мирисат вечерите пак чекат да каснат некоја коска. Ќе направиме една проба со мојата пушка. Ванчо е зеде неговата пушка и од чардакот испука два истрели. Селските кучиња зовреја со посилно лаење. Но, за кратко време сите селски кучиња замолкнаа, се смирија. Ванчо отсечно рече, потврде на кучињата не му пречела ниту музиката, ниту миризбата од вечерата, него проблемот бил во тоа што во близината на селото имало дојдено некането гости, глутница волци. Од гласот на пушката, тие си заминаа, а кучињата се смирија, рече Ванчо кој е долгогодишен ловџија.

Продолжи Ванчо да раскажува од 1927 до 1937 година од Митровден до Ѓурѓовден секоја година во половината од марулскиот сињор беше пазарен мијакот овчарот Стаменко од Лазарополе да го паси за презимување на неговото стадо булуци овци од Ветроводеница, Коритиште, Велјанов кладенец до Данчулиште према Канатларскиот, Русечкиот и Штавичкиот сињор со неговите четири синови Борис, Веле, Јане и Спиро со близу десет овчарски кучиња од сортата шарпланинци. Трлата ги менува на повеќе места. Во Голем камен, во Орницата Колеска, во Белокамче, во нивата Стојческа, во Горни Превалец, во нивата Стојческа, во Големата меѓа, во нивата Стојческа Танески. Во Сливата, во нивјето Колески, во Сува чешма, во нивата од Илија Котески.

Со нивниот престој во овие посочени места страв и трепет беше за дивината за волците од нивните овчарски кучиња. Во тие места беа задавени неколку волци. Волците кои се враќа од поле преку Каракамен на Ушите, Ветроводеница и нагоре правецот го сменија Каракамен, Паленик, Штавички Бошкоец зад Ветроводена, Преслап Криви патишта, Веслец, Слива за во Мариово. Со нивното заминување од атарот во Марул нивните кучиња оставија едно потомство кај кучињата од Ристе Велјанче, таа се окуче, едно куче машко шарено во боја бело и лисичина боја. Кучето машко порасте голем како лав. Сигурно на домаќините му требаше неделно половина фурна леб за да го прехранат.

Кучето порасте голем пес, голем но многу мирен, ќе лежи во ржаната слама расклекотен како одрана кожа. Во зимно времеповеќето маалски мачки и помалите кучиња полегнати кој во него, некој до него, се топлат од студот преку зимно време. Штом тој залаје како камбана да тропа во гласот има нешто од неканети гости. Селските кучиња за кратко време ќе се соберат пред него во гумното од Велјанчето и тргнуваат во колективен напад по дивината од која страна на селото ќе се појави и е протеруваат назад од каде дошла. Откако ќе ја завршеја работата кучињата си се враќаа дома весели како победници.

Фрлајќи загреби со задните нозе по вршење нужда поред жбуновите, расјето и трњето. Тоа го практикува повеќе години. Селото беше мирно и добитче да останеше надвор преку ноќта од нивната агилност добитчето живо ќе преноќеваше, рече Ванчо. Парите што ги наплати за пасење во нашиот сињор се направи црквениот трем и се купе црквената камбана во 1936 година. Со тоа селото ја достигна својата национална и верска припадност, рече Павлески Ванчо, ловџијата.

Дополни ловџијата Мојсоски Ќире Колески марулец 1910 – 1980, очевидец за стаменковите кучиња. Во есента во 1936 година враќајќи се стаменковите овци од летна пашна од Бистра планина за презимување во марулскиот сињор Борис овчарот со нив. Во местото Присојот бонечки се сретнаме со Борис. Во тој наш разговор од кај Млаките бонечки се појаве еден волк во близината под овците во расјето кога го видоја кучката и нејзиниот син, го фатија волкот и смртно го задавија. Борис рече од Бистра до овде овај волк шести задавен од ова кучка со нејзиниот син.

Откако Ванчо Павлески ловџијата е раскажа темата со кучињата, свирачите и младината се припрема за да си одат. Стана домаќинот Милан од трпезата, одсечно рече: деца нема одење, сега сите ќе вечераме. Сакам од вас да поможите при послужување за вечерата. На Милан атер не му се крши. Се пријавија како помошници Павлески Павле Ванчоски, Јанкоски Трајче, Митрески Петре Мурџески, Ристески Најденко Нацко Мурџески, Танески Ќиро и Сребре.

За кратко време беше припремано за вечера, имаше сарма со месо и манџа, компири со месо. За пијалок имаше бело и црно вино, како и благо женско вино, шира. Откако се заврши со вечерата на трпезите се поставија ваганчиња со мед. Сите знаат дека Милан е дарбосан пчелар. Со тоа заврши шетањето со музика на вечерна визита кај Аранѓеловци на 20 ноември 1958 година. Свирачите беа поканувани од домаќините, варваровци и светиниколци за нивните куќни слави за да го направат тоа како Аранѓеловци. Вечерта Милан имаше преку триесет гости.

Во годината 1958 варварски домаќинства на кои им беше куќна слава Варвара беа десет домаќинства. Шетањето на свирачите и нивните друштва на визитата започна вечерта во седум саатот од кај Танески Блаже. Прв гостин пред групата беше дојден братот на Блажејца Трајана, Ѓорѓија Тантуш од с. Бонче.

Свирачите ја започнаа својата програма додека играорците ја започнаа веселбата со песни и ора откако се изведоја неколку песни и ора од страна на Бошески Трајче, Колески Благоја, Јанкоски Трајче, Танески Ќиро и Сребре, куќата уште повесела, играњето на домашните луѓе како братот Богоја со сестрите Стева, Коца и Грозда. Откако се прекина со музиката, свирачите ја напуштија Блажевата куќа, се упатија во куќата на брат му, Танески Крсте. Гости кај Крсте му беа ќерките Цвета со момчето Димитрија Илиески шумаро од с. Подмол. Драгица со момчето Трајан Јосифоски од с. Ерековци. Марулски гости му беа Василоски Милан нункото му фамилијарно со жената му Аргида и ќерка му Лоринка.    

Продолжува    

Loading