Врање учествува на “Миле Нешковски”

Ракомет

Како секое лето, ракометниот клуб Прилеп – машкиот суперлигаш, ќе го организира деветтото издание на Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешковски”. Настанот е од 29 август до 1 септември. Покрај домашните екипи – Прилеп, Охрид, Тиквеш (Кавадарци), Куманово, Еурофарм Пелистер 2 (Битола), пријава за учество има и од Врање, суперлигаш од Србија. Тренерот Божидар Мојсов, ги има новите ракометари, голманот Стефан Христоски, од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски (Струга), како и бековите – Божидар Илиески (Мултиесенс Скопје) и Никола Јеремиќ (Елвиес, Шпанија).

Подготовките, низ тренинзи и пријателски мечеви, обично почнуваат кон крајот на јули.

Loading