СОК ОД БОРОВИ ИГЛИЧКИ

Повкусно, поосвежително и 1.463 пати поздраво… Природен газиран напиток кој веднаш освојува со неодоливиот вкус од борови иглички. Тие се користат во кинеската медицина илјадници години, оти се богат извор на витамин Ц. Лекува главоболки, артритис, тендинитис, инфекции на уринарен тракт, инфекции на усна шуплина, псоријаза, егзема, болки во стомакот, сите воспалителни процеси и др.

Богати се со антиоксиданти, а имаат и силно изразени антимикробни и антибактериски својства. Покрај витамин Ц, боровите иглички содржат и изобилство на витамин А, К, Е и Д, со што го подобруваат имунитетот, коскено-зглобниот систем, видот… Поседуваат одлични детокс својства, го чистат организмот од токсини и потикнуваат исфрлање на вишок течности. Ја враќаат енергијата, особено по физички и ментален замор. Ја зголемуваат алкалноста на телото, одлични се за мозокот, поттикнуваат производство на колаген и го подобруваат и здравјето на срцето, тироидната жлезда и црниот дроб.

Потребни се 2-3 полни раце борови иглички (исчистени), 2-3 супени лажици шеќер или мед, вода по потреба.

Боровите иглички прво се чистат со ладна или млака вода. Се цедат и се сушат, па  им се сечат краевите. Се ставаат во чисти, стерилизирани тегли или шишиња. Се додава шеќер или мед, па дополнува чиста вода. Се оставаат на топло место, на собна температура, 3-5 дена. Штом се забележуваат меурчиња, напиток е спремен.

Се тура во чаша со неколку коцки мраз, парчиња лимон и се ужива во освежителниот и лековит вкус.

Loading