ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (248) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Поново музика со кларинет во Марул

Музика со кларинет во Марул имало уште во триесеттите години на минатиот век. Танески Стојче му купил кларинет на Јованоски Димитрија Курела, внук од ќерка на Стојче. Димитрија дарбосан за музика исто татко му Јованоски Анѓеле кој загинал на фронто како бугарски војник на Добро Поле на Велигден во 1917 година. Димитрија гајдата и кларинетот брзо ги совладал. Негов соучесник во музиката тапанџија му бил Тошески Јованов – Јолески Божин.

Божиновиот тапан бил наружан со џес тасови и биле прочуени надвор од Марул и биле поканувани надвор од Марул на свадби и сведни денови. После нивното прекинување со музиката во 1944 година поради лекарот му забранил да свири због нарушување на белите дробови, се појавува нов кларинетиста и гајдаџија, младиот Велјаноски Благоја од годината 1947-та до 1954-та. Негов тапанџија е Василоски Алексо, врсници и партизански војници. За времето во колективот во неработните денови во вечерното време стално имаше музика во Благојовата куќа во местото Дупките или Стеваноската Стена.

Во 1954 година престана да свират, ствара фамилии, има куќни обавези, одговорности. Велјаноски Благоја неговиот кларинет му го продаде на бончаните Гулевци Велјановци и наречени Узумовци надарени музиканти живееа во заедница. Сепак мислам купувачот беше Тренчо Узум. Таа година беа гојдари во Марул. Со исчезнувањето на средселото се продолжи со гајда. А ги имаше повеќе гајдаџии. Велјаноски Благоја, Јованоски Димитрија, Павлески Јованче, Петревци Бабјаците Алексо, Ванѓел, Ванчо, Павлески Јованче, а по порачка на ороводецо Митрески Јованче Мурџески беше ангажиран Колески Стојко. Сепак, најмладиот марулски гајдаџија Петерски Алексо Бабјак го имаше првото место за прв гајдаџија во с. Марул.

На денот Митровден наречен селска слава во Подмол 8 и 9 ноември 1958 година Мурџески Најденко Нацко купи еден пристар фабричен кларинет од Миле Бешлакоски од Подмол на кој повеќе механизми, клапни му ги немаше за 4 000 динари.

Нацко природно надарен мајстор преку денот со овците, го поправаше. Имаше едно печатно лепило уште од Колективот кое служеше за запечатување врати во боја темно црвено со затоплување се лепеше, кога нешто со него се залепеше попуштање немаше. Нацковото мајсторство и квалитетот на лепилото, се поправи кларинетот. Верувајте изгубените механизми на кларинетот Нацко ги поправи да функционира. Преку денот ние полите од Нацко ќе ги пасиме овците. Тој ќе запали оган и ќе работи со кларинето. За таа работа требаше дарба, морал и трпение.

Навечер се знаеше на средселото огнот запален, голем собир од младинците, музиката трешти, песни, ора се развиват, имаше добри ораџии како Колески Благоја, Бошески Трајче, Јанкоски Трајче и Атанас Танески Ќиро и Сребре Павлески Павле, прв другар на Нацко од детинство, Колески Цветан, Василсоки Китан, Мурџески Петре и Коста, Танески Орданоски Методија, Јолески Љубе, Танески Спасе, Бошески Драган, Чонески Симон, Јанкоски Ванчо и Ванѓел, Јованоски Данчо, Танески Димков Блаже, Котески Данчо. По нивна прилика во сабота навечер од Прилеп ќе дојдеа Мурџески Богоја и Бабјак Раде, голем пејач, собира уште повесел доваѓа и постари луѓе и заблазнува за нашиот весел собир со музиката од Нацко и брат му Петре тапанџијата.

Често пати доваѓа и поближните комшиски девојчиња како Бабјакоска Петкана, Павлески Спасија, Горица, Верка и Менка, Колеска Дуна ораџица, Колеска Траенка, тати Мурџеска Алтана. Овој ваков собир го имаше секоја вечер до Божик, зависеше од времето. Куќните петковденски слави од четири домаќинства, две од Велјаноски и две Павлески, Нацко не ги опфати со музика поради нивната куќна слава беше пред Нацко да го купи кларинетот. За време на Аранѓелоската колку што ги имаше тогаш во Марул, оркестарот од Нацко и Петре ги посетија вечерта сите 31 домаќинства со поголем број нивни придружници.

Нацко беше радосно поканет од сите домаќинства. Затова беше направено без никаква замерка и понижувачка кај сите со еден мал престој кај секое домаќинство. Кога отидоја свирачите со придружниците кај Мурџески Јованче само што почна музиката да свири, стана домаќинот Јованче од гостинската трпеза и ерче со повисок весел глас. Го слушам преку кларинетот и тапанот Мурџескиот глас. Иначе, Јованче голем ораџија и рече, Нацко свири ми го поступаното оро.

Јованче е повика неговата соприга Коприна и таа не паѓа за оро играње до нив синот Петре, зетот Пецо, па ќерка му Марија, Коста и се разви големо весело оро. Штиченото душеме од собата се треси од потскоко на ораџиите. Јованчевата куќа беше напуштена со голема веселба.

Од кај Мурџески Јованче со музиката отидовме кај комшијата Петрески Ванѓел Бабјак. Собата гостинска полна со гости. Со новиот сват Спасе Старецоски фамилијарно иначе татко је младата невеста од Томе добрушевка потомка мајка је Ивана Мурџеска. Само што писна кларинето, тропна и тапано, прв стана домаќинот Ванѓел, до него сопругата му Мара, синот Митре, Митрејца Блага, па девојката Пеша, Павлеските девојки, ораџици и внуки од сестра му на Ванѓел. Спасија, Горица, Менка, Верка, сето весело, превесло, фалеше само камера. Во тоа време влезе Крсте Ббајак, внук од братот Петре на Ванѓел, се задржува со Нацко и му се извини за некоја поранешна замерка и го покани за посети во нивната куќа.

Друштвото со свирачите целосно е напушти ванѓеловата куќа со свирачите уште во дворот беа пречекани домаќините кај Петре Бабјак. Гостинската соба кај Петре полна со гости. Тука е ќерка му Весела со момчето Киро Зенго од Ношпал со децата. Димко Пажески со соругата од с. Мало Рувци, родителите на Крстејца Даница. Писокалецот Славе, родителите на Димитрица Драгица. Исто така, недавно омажената ќерка му на Петре во с. Алинци, битолско кај Миневци за Цане фамилијарно е присутна со свекор Јован и свекрвата Јованица.

Само што влегоја свирачите и нивното друштво, домаќинот Петре Бабјак порача оро тешко за рамо и е извади крпата од колкот со неговите подвизи тактики заврти се, клекни, до него неговиот син Димитрија, па Димитрица Драгица ќерка му Весела, Ќиро зето Зенго та ти син му Крсте, Крстејца Даница, ќерка му Зора кецот го води зето Цене. Од нацковите другари фатени Боле Колески, Трајче Бошески, Трајче Јанкоски, Ќиро и Сребре Танески, Петре Мурџески, Павле Павлески, позабележливи.

Со неколку одсвирени ора и песни свирачите и нивните придружници се збогуваа со домаќините петревци Бабјаците е оставија куќата весела и превесела. Групата со целокупното нејзино друштво со весели песни помина низ дворот Блажески Танески се упатија кај долните Бабјаковци Алексо и Ванчо. И тие весели домаќини и гајдаџии. Се развија повеќе песни и ора. Големо поштовање према нив Алексо моментално е првиот гајдаџија во Марул со убава гајдинска мелодија. Ванчо е исто така гајдаџија, но и подарувач. Неговиот дрвен коскен шиник за да се комплетира музиката. За таа негова заслуга Нацко му снабди метален луб за шиник подарен до Нацко од Благоја Дојчиноски – Јолески.  

Продолжува    

Loading