ДИМЕ БОЗОСКИ НОВ ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК

Нов заменик градоначалник е стопанственикот Диме Бозоски кој е советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Се избира од редот на советниците. Одлуката е на Градоначалникот Борче Јовчески откако досегашниот заменик Ирена Стерјовска е избрана за Претседател на Советот.

Бозоски е еден од советниците, заедно со д-р Кире Јоноски, кој советничкиот паушал кој го добиваат од советничката функција го донира во добротворни цели.

Улогата на заменикот градоначалникот е да го заменува првиот човек на општината во случај на неможност да ја извршува функцијата.

Loading