Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку на патот Прилеп – Битола. Судирот е меѓу товарно возило и автомобил во близина на Алинци.
Неофицијално едно лице го загубило животот. Увидната екипа на СВР Битола е на лице местото, а се очекува да пристигне и јавен обвинител.
Од СВР Битола го потврдуваат настанот, а детали ќе има наскоро.