21-ГОДИШНО МОМЧЕ Е ЗАГИНАТОТО ЛИЦЕ КАЈ АЛИНЦИ

Во вчерашната сообраќајна несреќа кај Алинци загина 21-годишно момче од Прилеп, информираат од СВР Битола.

21 ГОДИШНО момче е жртвата кај Алинци

Несреќата се случи на 08.07.2024 во 15.48 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излезот од Прилеп, помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен. На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од СВР Битола.

Loading