Пак два воза за Скопје и од Скопје

Македонски железници ги враќа укинатите линии по два воза дневно на поаѓање и доаѓање на релација Скопје-Битола-Скопје по речиси една година откако беа сметнати од возниот распоред. Се враќа и бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, што беше прекината пракс за време на пандемијата со Ковид-19.

Укинувањето првин се случи во октомври лани, кога од два воза дневна беа редицирани на еден на релацијата Скопје-Битола-Скопје.

Во меѓувреме Македонскитре железници набавија резервни делови за сервисирање на кинеските дизел локомотиви кои собрааќаа на оваа дестинација.

Владата овозможи сите млади до 27 години, студенти и средношколци секоја прва и трета недела во месецот за време на викендите да можат бесплатно да го користат железничкиот превоз кон сите дестинации во државата каде што има воз. За пензионерите, односно за сите жени над 62 години и мажи над 64 години, оваа мерка ќе важи секој втор викенд во месецот.

Loading