Основците сакаат да бидат медицински сестри и електричари

Од петтте средни училишта, најголем е интересот за упис на завршените основци за насоките во електромашинското и во медицинското училиште. По двете пријавувања во првиот уписен рок од вкупно запишаните 735 ученици во петте средни училишта, 230 се запишани во електромашинското училиште “Ристе Ристески – Ричко”, во медицинското “Ѓорче Петров” се 199, а во гимназијата “Мирче Ацев” се запишаа 161 ученик.

Најбарани струки во електромашинското училиште се за компјутерски техничар и за графичката струка. Пополнети се и дуалните паралелки. Во медицинското, најатрактивни се медицинските сестри и фармацевтските техничар.

Најмал е интересот за упис во економско-правното училиште “Кузман Јосифоски-Питу”.

Loading