Цевитана со поддршка на Балканското првенство во џудо за пионери и пионерки

Витаминка преку својот бренд Цевитана, со гордост го поддржа Балканското првенство во џудо за помлади пионери и пионерки, што се одржа во Битола. На првенството, во организација на Џудо федерацијата на Македонија, учествуваа деца на возраст до 13 години од 11 држави, Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Кипар, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Турција и Македонија.

Учесниците ги поздрави  претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, кој посакувајќи им среќа, успех и добри резултати на натпреварувачите, истакна дека е горд што ова првенство прерасна во традиција и сега е едно од обележјата на спортски план, во државата.

Талентираните млади спортисти од целиот регион, истакнувајќи го својот труд и спортски дух, блеснаа на меѓународната сцена и ги оправдаа напорните тренинзи и личните вложувања во изминатата година.

Од големо значење е за Витаминка можноста да биде дел од нивниот пат кон успехот и затоа Цевитана ќе продолжи и во иднина да ги поддржува младите таленти, да инвестира во спортот и да се залага да излезе на површина потенцијалот на секое дете.

Loading