АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ветрот не можеме да го смениме, но едрата можеме.

*

Развојот на демократијата не може да се гледа низ нишанот.

*

Кога сите шепотат најдобро е да молчиш.

*

Добро е кога се зголемуваат платите, но не и кога куповната вредност се намалува.

*

Дволичните се всушност безлични.

*

Овците не можат без кучиња и стрижачи.

*

Каде ќе се вее нашето знаме треба да одлучуваме само ние.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading