НАСТАПИЈА 36 ИГРАЧИ

Фудбал

Ако уиграноста во една екипа е поголема доколку има помалку измени, тогаш позитивен  исчекор е претходнава второлигашка, споредена со прволигашката сезона на Победа. Во прволигашката настапија дури 48 играчи, а во второлигашкава 36.  Над 20 настапи имаа: Бојан Ивчески (28), Давид Дебрешлиоски (27), Христијан Поп-Антоски (25), Давор Богевски (24), Леонид Кофиловски (23), Дарио Спиркоски (22) и Ивица Трајкоски (20). Меѓу стативите беа двајца голмани – Антонио Столевски (18) и Иван Николоски (15). Поистакнати стрелци беа Давид Дебрешлиоски (5 гола), Филип Димоски (4), Филип Стомнароски и Дестан Адили (3). Есента имаше многу повозрасни и искусни фудбалери, а пролетоска многу помлади, во просек од 18 години, така што второлигашкиот опстанок е исполнета цел.

Што ново ќе има во играчкиот кадар ќе се знае во преодниот рок, по 15 јуни.

Loading