ВТОРИОТ ПРОТИВ ТРЕТИОТ

Трета лига – Југ

В недела (14 ч.) е 15. рунда од Третата лига – Југ. Дербито се игра во Големо Коњари, каде домашниот тим се среќава со велешкиот Превалец. Второпласираниот игра против третопласираниот. Двата тима се кандидати за врвот, бидејќи претходно водечкиот Борец одигра 1:1 во Росоман, Г. Коњари 0:0 со Питу Гули во Крушево, а Превалец со 1:0 победи во Марена. В недела Борец е слободен.

Табела: Борец 30, Големо Коњари и Превалец 26, Росоман 24, Питу Гули и Младост 18, Слога 16, Ултрас 14, Марена 11, Локомотива 10, Бучин 4.

Loading