ЧЕТИРИ МЕДАЛИ

Пинг-понг

Во Скопје се одржа Државното сениорско првенство, со забележителен успех на членовите од клубот Младост, на тренерот Зоран Јованоски. Во категоријата мешани двојки, трето место и бронзен медал освоија Нико Доага и Софија Хасану. Во групата машки двојки до второто место и сребрениот медал стигнаа Лука Стојчев и Дамјан Стојчев, а кај женските двојки  третото место и бронзата се за Софија Хасану и Емилија Марковска. Мошне вреден пласман – трето место со бронзен медал, постигна 16-годишниот Лука Стојчев, во поединечна машка конкуренција.

По ова, в недела продолжува Супер лигата.

Loading