КУПОТ ВО ВТОР ПЛАН

Ракомет

Најдобрите четири тима одат во завршницата (полуфиналето) од Купот на Македонија, а таму нема прилепски претставник. Машката екипа Прилеп како да е посветена само на првенството, па загуби уште на првиот меч од групната фаза, од скопски Мултиесенс (23:27). Ако е така, тогаш може да се очекува максимум на следниот првенствен меч дома, викендов, со неготински Вардар. Дерби во плејаут-групата, меѓу првиот и третиот.

Женската Деспина, по победата во Купот со скопски Шампион (30:19) и поразот од скопски Вардар (21:30), викендов игра првенствен меч со Ѓорче Петров во Скопје.

Loading