Кошарка
Викендов е 21. коло од Втората кошаркарска лига со мечот Мега баскет – МЗТ Уни банка. Тежок дуел за прилепскиот тим, оти се наредени три порази, од кои последниот со 85:69 од Водно во Скопје. Згора на тоа, МЗТ Уни банка е мошне солидна екипа, четири места погоре на табелата, со седум бода повеќе. Есеноска МЗТ дома победи со 103:67.
Табела: МКК Куманово 36, Шкупи и Маџари 33, Ангели и МЗТ Уни 30, Соколи, Борец и Водно 25, Мега баскет 23, Работнички 21, Тетекс 19.