СЕДМИ ПРОЛЕТЕН ОБИД ЗА ТРИУМФ

Фудбал: Победа

В сабота (15 ч.) Победа игра со Саса, во 22. коло од Втората фудбалска лига. Се очекува прв пролетен триумф ма прилепскиот тим, по четирите нерешени и двата пораза. Дали екипата на тренерот Јане Николоски ќе биде поуспешна од Саса, чиј гол го чува неговиот син Иван? На овој меч таткото Јане ќе биде на трибината, поради казаната за црвениот картон во Новаци, а од неговиот тим од истата причина – исклучување, ќе отсуствуваат и играчите Никола Сарески и Александар Новески. Што се однесува до Саса, последна е на табелата, но има две победи во серија.

Табела: Беса 54, Пелистер 48, Детонит 45, Арсими 39, Скопје 34, Охрид 33, Башкими, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф и Новаци 24, Тетекс 20, Победа 19, Осогово 17, Караорман 15, Саса 14.

Loading