ДАНИЕЛ МЕЛВИЛ – МАКЕДОНСКА РАПСОДИЈА 22

Одеднаш пламените исчезнаа. Во собата се осети јасно отнување на напнатоста. Вознемиреноста исчезна и старецот осозна, без да знае како и зошто е спасена миризбата засолната во неговиот стан. Ја чувствуваше сега седната до неговиот кревет успокоена и благодарна. Манол исшепоти со своите испукани и раскрвавени усни:

 “Мило ми е за вас. Си отидоа и нема повеќе да се вратат. Пријатно ми е што го споделив вашето друштво. Ако не бев олку стар и болен, подобро ќе ве пречекав. Немојте да ми забележитее заради измореносва. Сега ќе спијам”.

Растурениот покривач од креветот се дигна самиот и добро го покри старецот. Ја чувствуваше близу до себе “миризбата” и наедно го обвиткуваше пријатна топлина.

о   о   о

Манол ги отвори очите и го втренчи погледот во мракот. Неговите уши ја испитуваа вообичаената тишина на заспаната станбена зграда.

Таа не е повеќе тука! “Миризбата” си отишла!

Тага го обзеде. Еве го одново сам како порано. Сепак беше задоволен, стар и изнемоштен, макар и што малку придонесол да му се помогна некому, да и се помогне на “миризбата”. Оти сигурен беше, без да знае зошто и како, дека сторил добро дело и дека “миризбата” заслужуваше да í се помогне.

Но…  Чудна работа. Несомнено беше дека се осетуваше чудно. Првин немаше повеќе треска. Потоа мозокот му функционираше со леснотија и со јаснотија какви не доживеал повеќе уште од својата младост.

Ја запали крајкреветската ламба. Прв ја виде десна рака. Го пренесе погледот кон левата рака. “Нема никакво сомнение, полудувам”, си рече и скокна од креветот. Скокнување од креветот? Од кога тој, старец на умирање, скока од креветот?!

 “Навистина ова треба да е склерозата, сенилноста… сосема се избудалувам!”, изговори гласно Манол.

Ама каков глас! Не можеше да им поверува на своите уши. Неговиот глас беше глас на млад човек.

 “Халуцинирам… Ова се психички ефекти што претходуваат непосредно на тоталната смрт…”

Наполно се соблече и се разгледа. Телото му беше младо и мускулесто како некогаш. Се доближи до огледалото обесено на ѕидот и го погледна одразот на своето лице од кое зрачеше здравје, густа коса без ниту едно бело влакно…

Се праша себе си: “Можно ли е да се изигрува вака безмилосната биологија?”.

Седна до масата. Еден липот му се истргна од градите. “Каква жестока шега! Утре кога ќе се разбудам, наново ќе бидам старец кој агонизира…”

Некакво дувнување слично на брмчење од пчели дигна неколку листови од полицата и еден од нив падна на масата пред Манол. Со чудно нацртани букви на него пишуваше:

 “Не сонувате. Не сте полуделе. Во секој поглед пак сте млад, ама овој пат ќе знаете многу подобро да профитирате од животот, затоа што сега имате животно искуство. Нема ништо магиско во ова што ви се случува. Ова е научна реализација. Веднаш одете си одовде. Не кажувајте ништо никому. Исковете си на друго место нов идентитет. Среќно!”

Манол стана, го зеде крибритот и го изгоре листот; пепелта ја фрли надвор низ прозорецот. Во времетраење од околу два часа, барајќи низ своите работи си спреми една стара голема чанта. Решен буквално да ги послуша препораките од белешката што пред малку ја прочита, го зеде само она што му беше најстриктно потребно, оставајќи ги сите “компромитантни” предмети во врска со неговото минато, со неговата личност, спомени, идентитет. Сето го остави во станот во смисла на перспективата за новиот живот што за него набргу ќе започнеше. Потоа седнат крај масата и, обидувајќи се да го имитира најверојатно можно неговиот минат ракопис на старец, напиша неколку реда.

Многу мачно, со помош на неколку трансформации, најпосле успеа да облечи еден од своите изветвени костуми, износен како и сите други што ги поседуваше, и кој одеднаш станал премногу мал за неговото тело и за неговите широки раменици. Гладен како волк, многу се најаде. Потоа, клавајќи ги в џеб сите пари што ги имаше, како крадец излезе во коридорот и после тоа на улицата.

 (продолжува)

Loading